Расте бројот на жртвите во Индија | Вести | DW | 26.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Расте бројот на жртвите во Индија

*

Најмалку 34 лица загинаа, а 50 лица се ранети во вчерашните две одвоени експлозии кои се случија во индискиот град Хиндерабад. Властите сметаат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Првата експлозија се случила во близина на забавен парк, а само неколку минути подоцна експлодирала бомба во близина на еден ресторан. Полицијата трага по уште неексплодирани бомби. Властите го оценија нападот како терористички чин. За сега никој не ја презел одговорноста за инцидентот.