1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расте бројот на жртвите во земјотресот во Иран

По тешкиот земјотрес во северозападниот дел од Иран се‘ појасни се вистинските размери на катастрофата. Меѓубилансот заега е 250 загинати и најмалку две илјади повредени.

Во епицентралното подрачје на земјотресот околу градот Табриз спасувачите трескавично пребаруваат по урнатините по преживеани. Ангажирани се бројни спасувачки тимови и дресирани кучиња. Цели села се отсечени од надворешниот свет. Бројот на жртвите поради тоа може да расте, вели локалниот шеф на службата за справување со катастрофи.

Според податоците на Сеизмолошкиот институт на универзиттеот во Техеран, главниот удар на потресот, кој се случи вчера попладнето (11.08.2012) имал сила од 6,2 степени според Рихтер. Епицентарот се наоѓа околу 60 километри од градот Табриз. Само 11 минути по првиот земјотрес, следел втор со јачина од 6 степени, а потоа во краткотрајни временски интервали серија помали потреси.

Сместувалишта за бездомниците

Меѓу жителите на 1,5 милионскиот град Табриз избила паника. Могу од нив набрзина бегале од разнишаните домови надвор, на отворено. Во регионот е во прекин телефонскиот сообраќај, а пожарникарите јавуваат и за распад на мрежата на електрична енергија на големи површини.

Илјадници луѓе плашејќи се од нови потреси на земјиштето ноќта ја поминале на отворено. Иранската Црвена полумесечина во еден стадион подигна згрижувачки логор за 16 илјади луѓе, како што јавува агенцијата Фарс. Веќе се ставени на располагање и околу три илјади шатори. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад им изрази сочувство на луѓето во погодениот регион, истовремено повикувајќи ги локалните власти да ги преземат сите можни чекори за помош на засегнатото население.

Во Иран често се случуваат земјотреси, зашто се наоѓа на неколку земјени раседи. Посебно силен земјотрес имаше во декември 2003-та година, кога во југоисточниот дел од земјата загинаа повеќе од 25 илјади луѓе.