1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Растечките цени на нафтата би можеле да имаат и позитивно дејство

Вестите звучат вознемирувачки. Меѓународната агенција за енергија јавува дека цените на нафтата се движат кон 70 долари за барел. И, проценува дека потрошувачката на нафта во светот, која од 70-тите години наваму е двојно поголема, во наредните 25 години ќе се зголеми уште за 50%.

Поскап бензин - повеќе напор за барање обновливи енергии

Поскап бензин - повеќе напор за барање обновливи енергии

Кнап понуда, растечка побарувачка. Индустриските земји, како Германија, кои се сиромашни со суровини нема да можат за кратко време да се оттргнат од експлозијата на цените на нафтата, ако се знае дека квотата на увоз на минерални масла е 97%. Германските возачи на бензинските пумпи и тоа како забележуваат дека токму за велигденските празници следува вообичаеното сочно зголемување на цените на бензинот. Да им се префрла вина на шпекулантите кои наводно ги зголемуваат цените на нафтата вештачки, не е од полза. Пазарите функционирата сосема нормално и испраќаат многу јасен сигнал – нафтата е добро кое го има во ограничени количества и е скапо. Тука кукање ништо не помага и надеж дека ќе дојдат подобри времиња – нема.

Растечките цени, меѓутоа имаат и позитивно дејство. Растечките цени не прават свесни дека резервите на енергија се премногу драгоцени за да се загреваат куќи кои се лошо изолирани, или да се оди со автомобил за да се купат поштенски марки или со ефтините летачи да се обиколува Европа.

Да, од оваа експлозија на цени нешто може и да се добие. Таа не присилува да размислуваме за енергетската политика. Таа ја присилува индустријата да воведува уште поефикасни прозиводни системи, ги принудува потрошувачите да бараат автомобили кои се штедливи и радијатори кои не трошат многу енергија, а производителите на енергија ги принудува, повеќе отколку досега да инвестираат во истражувања и употреба на обновливи енергии. Само со енергии чиј извор е бескраен – како сонце, ветар, вода, биомаса или топлина на земјата, можеме да се спасиме долгорочно од зависноста која е непредвидлива. Колку е поскапа нафтата, толку поисплатливи се иновациите кои не спасуваат од зависноста од нафта. Така погледнато, цените на нафтата можат и натаму да растат, дури и ако возачите на бензинските пумпи се лутат.