1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Растечка антипатија кон ЕУ кај Британците

Во Велика Британија се позасилено се зголемува притисокот на јавноста, но и на политичари од конзервативна партија, за заострување на курсот кон Европската унија. Растечката анти-ЕУ клима во Лондон ја чувствува и Брисел.

Морето е немирно деновиве и го замрачува погледот преку каналот Ла Манш- Европа во моментов изгледа многу далеку.

Даглас Карсвел, пратеник на конзервативната партија во Долниот дом на британскиот парламент, би сакал да оддржи сигурна дистанца од континентот и да ја напушти ЕУ или најдобро таа сосема да се растури.
Мирот во Европа, според него е можен дури и без ЕУ. „Треба да престанеме да се опседнуваме со тоа што се случило пред 70-80 години, да сфатиме и да почитуваме дека сите сме либерални демократии. Либералните демократии не се борат меѓусебе. Тие треба да бидат способни да ги следат своите интереси без секогаш да стравуваат од најлошото“, вели Карлсвел.

„Подобро ќе ни е надвор од ЕУ“

Како него размислуваат многу конзервативни пратеници, исто така многу, кои гласаа за него и учествуваат на неговите срредби со граѓаните. Централизацијата на ЕУ за пратеникот е причината за лошата економска состојба.

„Во Европа има централизација кога станува збор за законот за работни односи, за регулирање на финансиски услуги, дури и кога станува збор за банални работи како земјоделското производство. Тоа е извонреден степен на централизација. Хармонизацијата не создаде утопија, туку донесе беда и сиромаштија за милиони Европејци“, истакнува Даглас Карлсвел.

Одмаралиштето Клактон се наоѓа во срцето на изборната единица на Даглас Карсвел. Кога тука се дискутира за Европа, тогаш во фокусот се пред се’ економските аргументи. Како кај противниците така и кај поддржувачите.

„Мислам дека не треба да излеземе од ЕУ. Тоа носи работни места за сите и ја олеснува трговијата.“

„Ќе ни биде подобро надвор од ЕУ. Веќе долго време само спасуваме некого и потоа страда нашата земја. Многу сме зафатени со грижата за сите останати.“

„Европа има многу да направи за да се извлече од проблемите и мислам дека воопшто нема да помогнеме ако сме таму.“

„ЕУ како жртвено јагне“

Поддржувачите на ЕУ во Клактон се малцинство, но ги има, на пример групи кои се залага за збратимување со градови и за Европа.

Кај Пол Шарп во посета е Мари Жо од француската Валенса. Тие заедно ќе го опремат локалниот божиќен панаѓур меѓу другото и со варено вино од збратимениот германски град Биберах.

Гледај видео 03:19

Британците на анти-ЕУ курс

„Мислам дека би требало да учиме од другите земји колку што и тие треба да учат од нас. Се чувствувам повеќе Европеец отколку Британец, но можеби сум јас различен од останатите.“

Граѓаните од збратимените градови се посетуваат често, но нивното здружение нема многу членови. Во моментов не изгледа дека нешто набргу ќе се промени.
„Владата се наоѓа во тешка состојба, невработеност, општа економска криза, мислам дека неизбежно се бараат жртвени јагниња, а Европа е добро жртвено јагне.“

На кулите Мартело по должината на брегот ги заштитуваат Британците од напади од Европа уште од времето на војните на Наполеон. Па дури и денес за многумина непријателот се наоѓа на континентот, поточно во Брисел.

Аудио и видео прилози на оваа тема