1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Растат тензиите меѓу Израелците и Палестинците

Израел ќе игради 2000 станови во Источен Ерусалим и на Западниот брег и времено ќе го замрзне трансферот на парични средства за Палестинската власт како одговор на примањето на Палестинците за полноправен член на УНЕСКО.

default

Делегатите на УНЕСКО слават по изгласувањето на приемот на Палестинците во полноправно членство

Палестинците со негодување реагираа на плановите за продолжување на изградбата на израелските населби во Источен Ерусалим и на Западниот брег. Портпарол на претседателот на Палестинците Махмуд Абас во Рамала изјави дека со ова се забрзува крајот на мировниот процес. „Забрзувањето на изградбата на еврејски населби е еднакво на забрзување на уништување на мировниот процес, а замрзнување на палестински фондови е кражба на пари на палестинскиот народ“, изјави Набил Абу Рудеина, портпарол на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Одлуката на УНЕСКО за полноправно членство на Палестинците била само изговор.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху наредил да се забрза изградбата на 2000 станови во Источен Ерусалим и во еврејските села Гуш Ецион и Маале Асумим на Западниот брег. Нетанјаху изјави вчера дека тие реони ќе останат израелска територија по иден договор со Палестинците. На вонредна седница на израелскиот кабинет е донесена одлука привремено да се стопираат исплатите за палестинските власти.

Автор: АТ/ дв/ миа

Редактор: Борис Георгиевски