1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Распуштена владата во Тунис

Тунискиот премиер Хамади Џебали синоќа (06.02) соопшти дека ја распушта исламистичката влада и дека ќе формира технократски кабинет по убиството на опозицискиот лидер, што предизвика бран протести во земјата.

Џебали во телевизиското обраќање кон нацијата прецизираше дека новата влада ќе ја раководи земјата до спроведување на предвремени парламентарни избори во најкуси рокови.

Кабинетот ќе биде составен од аполитични технократи и ќе е со ограничен состав. Официјални извори претходно соопштија дека Џебали ќе го распушти исламистичкиот кабинет и ќе формира влада на национално единство, која ќе вклучува непартиски фигури и технократи.

Тунискиот премиер оваа одлука ја донесол лично и во име на интересите на земјата. Џебали соопшти дека главна задача на владата ќе биде да ја стабилизира земјата, да се грижи за безбедноста и да го спречи растот на основните животни продукти.

Ermordung Shokri Belaid Politiker Tunesien

Протести по убиството на Белаид

Еден од лидерите на туниската опозиција, Шокри Белаид, беше убиен пред својот дом во престолнината на северноафриканската држава. Атентатот предизвика протести проследени од насилство и ја зголеми напрегнатоста во земјата. Убиството беше остро осудено од меѓународната заедница, вклучувајќи ги и САД. Шокри Белаид, лидер на Обединета демократска националистичка партија, ќе биде погребан во петок (08.02), пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на неговиот брат. Семејството на убиениот политички лидер ја обвини владејачката исламистичка партија Енахда, дека стои зад атентатот.

Правникот Белаид се залагаше за одвојување на државата од религијата, и беше еден од најжестоките критичари на владата која ја презеде власта по револуцијата во оваа земја.