1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Расправа за употребата на уставното име на Македонија

Комисијата за политички прашања на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, го разгледа извештајот на шпанскиот парламентарец, Педро Аграмунт за употребата на уставното име на Македонија

default

Советот на Европа

Само неколку дена по посетата на Атина и Скопје, известувачот за Инцијативата за користење на уставното име на Република Македонија, ги запозна своите колеги од Парламентарното Собрание на Советот на Европа со позициите на двете страни. Во усниот извештај, Педро Аграмунт бил прилично објективен, при што благо укажал на апсурдноста на спорот со името.

По извештајот на шпанскиот парламентарец, инаку од редовите на Европските народни партии, се водела широка дискусија во Комисијата за политички прашања, во која покрај претставниците на парламентарните делегации на Грција и Македонија се вклучиле претставници и на повеќе други национални делегации. Во нивните дискусии, исто така била посочена апсурдноста и долготрајноста на овај проблем.

Оливер Шамбевски, претседателот на македонската собраниска делегација кој присуствуваше на состанокот во Париз, е задоволен од дискусијата. „Можам да кажам дека сум исклучително задоволен од оваа седница, бидејќи недвојвена беше огромната подршка на сите кои дискутираа по ова прашање, притоа истакнувајќи дека навистина проблемот почнува да станува абурден.“

На крајот од дискусијата било заклучено да биде изработен писмен извештај за ова прашање, за кој Комисијата ќе расправа во јануари 2008. Во извештајот на Аграмунт ќе бидат наведени позиците на двете страни, за да остани отворен дијалогот меѓу двете земји. Парламентарнотот Собрание на Советот на Европа, компромисно одлучи да не донесува препораки за користењето на уставното име на Република Македонија во Советот на Европа.


Советот на Европа подолго време одбива да заземе официјална позиција по прашањето за името, тоа ни го потврди во телефонскиот разговор за Радио Дојче Веле, Оливер Шамбевски. „Не очекувам дека Советот на Европа ќе донесе одлука околу тоа како ќе ни се обраќа. И мислам дека СЕ сепак ќе го причека конечното разрешување на овој проблем под покровителство на ОН.“

Јасно е дека иницијативата за употреба на уставното име на Република Македонија во Советот на Европа, нема да доведе до конкретни резултати во изнаоѓањето на решение. Интересно е дека по скоро две годишно мирување, откако беше покренато, тоа прашање за името, се врати на дневниот ред на Европските институции.

Поврзана содржина