1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Расправа за статусот на стечајците

Координаторите на пратеничките групи треба да се договорат околу Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Најавенен е пррекин на блокадите.

default

Протести на стечајците во Скопје

Во македонскиот парламент се очекува да започне расправа по законот за решавање на статусот на околу 6 илјади стечајни работници. Законот пред 10 месеци го иницираше владиниот колициски партнер НСДП. Пратеничкото мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ најпрвин се спротивстави на решението но по личното изјаснување, пратениците се согласија да се расправа за можната социјална помош, што месечно би ја добивал секој од стечајните работници со 25 години работен стаж. По ваквите информации лидерот на стечајците, Стојан Стоајнов, најави прекин на блокадите кои три дена го парализираа Скопје.