1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Расправа за предлог законот за соработка меѓу Македонија и Хашкиот трибунал

*

Македонија нема двојни стандарди за меѓународно право изјави министерот за правда Михајло Маневски на денешната собраниска расправа отфрлајќи ги амандманите на ДУИ и ДПА со кои се бара четирите случаи од конфликтот во 2001 да се избришат од предлог законот за соработка меѓу Македонија и Хашкиот трибунал. ДУИ бара случаите за затворање на браната Липково, малтретирањето на градежните работници од Маврово, гробницата во Непроштено да се процесуираат во Трибуналот, а не во македонските судови. Според албанските партии во новиот закон за соработка со Хаг е во колизија со законот за амнестија. Трибуналот одлучи овие случаи да ги врати во Скопје.