1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Расправа за Косово во ОН

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера во Њујорк ја разгледуваше ситуацијата на Косово. Станува збор за измешан, но сигурен биланс на шефот на мировната мисија на светската организација, повеќе од четири месеци по големите безредија во јужната српска провинција во кои во март беа убиени 19 лица, а преку 900 ранети.

Советот за безбедност молчеше за неактивноста на КФОР на Косово

Советот за безбедност молчеше за неактивноста на КФОР на Косово

Досега на Косово е вратен само мал дел од српските бегалци, изјави пред советот за безбедност подсекретарот на ОН Хеди Анабин, иако меѓу спротивставените страни сепак има разговори:

“Од насилствата во март, на Косово има ограничен, но охрабрувачки напредок. Пред политиката таму сега претстои тешката работа за нормализирање на состојбата, за етничко помирување и за толерантно општетство“.

За претставникот на Србија и Црна Гора оваа слика беше премногу позитивна. Тој исклучиво зборуваше за етничко чистење и и префли на меѓународната заедница пропусти при контролата на албанското мнозинство. Полициските сили на ОН не настапија доволно решително против екстремистите и не можеа да обезбедат заштита на Србите што беше најјасно изразено при уништувањето на српските цркви. Кон оваа позиција се приклучи и романскиот амбасадор Миха Моточ, иако со подипломатски речник:

“Негативните последици од насилството во март ни оддалеку не се надминати. Пред се недоволно е враќањето на имотите, обновата на општините и севкупната слобода на движење“.

Од името на Европската унија Холанѓанецот Дирк Јан ван Берг изрази задоволство што во меѓувреме сепак половината од протераните се вратиле на Косово. Сепак, според него, од насилствата не се извлечени потребните консеквенци:

“Секој човек на светот сака да живее сигурно, без да страхува од тоа што неговиот сосед и припаѓа на друга група. Досегашните обиди да се казнат одговорните за насилството не се доволни“.

Амбасадорот на соседна Албанија кој себе си се гледа како гласноговорник на косовските Албанци на меѓународниот паркет, напротив побара од Обединетите нации повеќе реализам. Според Агим Нешо, се посакува мултиетничко општество на етничките групи на Косово, но тоа ќе биде можно ако провинцијата добие поширока самоуправа:

"За да се случи тоа на Косово треба да му се префрлат повеќе компетенции. Тоа може да се случи само ако демократски избраните институции добијат целосна одговорност за обновата на општеството“.

Германскиот претставник Волфганг Траутвајн укажа на значењето на претстојните парламентарни избори во октомври. Тој им се обрати директно на Србите и побара и покрај се да не се повлечат од политичкиот процес на Косово:

“Важно е српското население да се интегрира во политичкиот живот на Косово. Затоа сме загрижени поради повиците за бојкот на изборите и бараме од сите српски политичари да ја окончаат оваа диксусија“.

Во дебатата воопшто не стана збор за една посебно непријатна точка: за префрлувањата на групите за заштита на човековите права дека КФОР, во тие рамки и германскиот контингент, за време на безредијата во март ги затвори своите контролни точки и посматраше без ништо да преземе како во непосредната близина гореа српски куќи. Дипломатите во Советот за безбеност за ова комплетно молчеа.