1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Расправа во парламентот за самораспуштање

Пратениците во македонското собрание денеска расправаат за самораспуштање на овој состав на парламентот и свикување предврмени парламентарни избори.

default

Парламентот во Скопје

Парламентарната седница за самораспуштање влезе во политичко процедурални лавиринти. Таа почна денеска (10.04.08) претпладне со обид да се обезбеди продолжен мандат на сегашниот состав до изборот на новиот. За првпат во Македонија треба да бидат оддржани вонредни парламетарни избори врз основа на самораспуштање.

Претседателот на македонското собрание Љубиша Георгиевски, ја официјализира дебатата само врз основа на 15 потписи и иницијативата на ДУИ, но за вонредна седница треба предлог од минимум 20 пратеници. Ќе заседава законодавно - правната комсија, којашто треба да даде толкување дали со самораспуштање престанува и функијата на претседателот на парламентот, што е важно, зошто само претседателот на собранието распишува избори.

Втората институционална криза што би можела да се појави е, ако претседателот на собранието не ја извршува функцијата, тогаш нема кој да го заменува шефот на државата, ако подолго време е спречен да ја извршува функцијата или е отсутен од земјата.

По паузата се очекува да се внесат и нови политички пресметки. Опозицискиот СДСМ не е задоволен зошто не се дебатира за ЕУ и НАТО перспективите по самитот во Букурешт. „ Или ќе имаме избори при што ќе се заборават сите приоритети и сите реформи, бидејќи институциите нема да можат да функционираат во полн капацитет, или до септември ќе го дадеме максимумот за да може да се добие датум за преговори.“ порача претседателката на СДСМ Радмла Шекеринска

Премиерот и претседател на владејачката ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски кажа „Ние не се откажуваме од евроатланските интеграции, тие остануваат врв на нашите приоритети. Не сакам да ја напаѓам Шекеринска и да кажувам зошто и од кои мотиви го прави тоа, мислам дека тоа е повеќе од очигледно, но далеку од точна.“

Рекоа Шекеринска и Груевски во текот на вчерашниот ден и со тоа како да се навести темата на наредните парламентарни избори. Но Социјалдемократите се сомневаат во изборни манипулации и фалсификат, зошто не се менува и претседателот на Државната изборна комисија кој по правило е од редовите на опозицијата.

Во низата реплики последниот изказ на пратеникот Владо Бучковски предизвика лавина реакции. Премиерот Груевски го нема во парламентот и не сака да се соочи со критиките за неуспехот од самитот во Букурешт, а со вонредните парламентарни избори бега токму од тоа, а постои и сомнеж за можни манипулации при вонредни парламентарни избори, рече Бучковски.

Сепак владејачката ВМРО ДПМНЕ, ќе инсистира за брза и ефикасна одлука за самораспуштање и потоа распишување на вонредни парламентарни избори што би се оддржале кон средината на јуни оваа година.