1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Распит на Рамковски и останатите приведени

Сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски и уште 15 приведени лица управители на фирми од улица „Перо Наков“ б.б. се одведени на распит пред истражен судија во Основниот суд 1 во Скопје.

default

Рамковски со лисици на рацете приведен од полицајците

По 12 часовен распит во полициската станица Автокоманда, приведените со десетина полициски комбиња беа донесени во судот.

Предвреме најавени кривични пријави

Адвокатот на Рамковски, Мирослав Вуиќ реагира дека надлежните предвреме соопштиле дека осомничените заработиле кривични пријави без истите да бидат пристигнати во јавното обвинителство. Целата постапка на приведување на осомничените била трагична и немало основ за притвор:

„Предистражна постапка, која е во фаза на прибирање податоци дали некој сторил кривично дело се коментира на телевизија, се дава на телевизија, го коментираат лица кои се повикани да ја штитат личноста, тоа е трагично. За самата мерка притвор сметам дека воопшто не држи од причина што истражниот судија доставил некои наредби за задржување и претрес, но тие не се оправдани, зашто лицата не биле во бегство,“ изјави Вуиќ за Дојче Веле.

Затајување данок и перење пари

Приведените во случајот се осомничени за злосторничко здружување, перење пари и затајување на данок. Првиот човек на Управата за јавни приходи зборува за милионски криминал:

„Станува збор за даночно затајување во моментов од 253 милиони денари по основ на ДДВ и данок на добивка. Имаме доста материјални докази за тоа каде и како овие пари излегле од овој систем.“

NO FLASH Fernsehsender TV A1 Mazedonien

Телевизија А1

ЗНМ побара целосна законитост на постапката

Здружението на новинари на Македонија, побара органите одговорни за истрагата да обезбедат спроведување на законите, а истовремено, повика да се обезбедат услови за непречено функционирање на телевизијата А1 и пишаните медиуми на Перо Наков б.б. Во последниов период Велија Рамковски јавно преку трибини, на средби со граѓаните, предупредуваше дека започнала битката за уривање на А1 телевизија. Тој отворено ја напаѓаше актуелната власт за воспоставена диктатура и повикуваше на уривање на, како што вели, тоталитарниот режим во Македонија.  

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM