1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Политичка криза во Македонија

Распадот на Југославија - 20 години потоа

Воените настани што го придружуваа распадот на СФРЈ беа разорувачки за регионот. Новонастанатите држави со години се во криза. Сите тие гледаат излез само во едно - влез во ЕУ што побргу! И додека Словенија веќе пет години е членка, за останатите поранешна југословенски републики, освен Хрватска, европската иднина е прилично неизвесна. Еден од условите што ги поставува Брисел за побрза евроинтеграција, е регионалната соработка. Но, таа е се‘ уште на ниско ниво, особено кога се во прашање Србија и Косово, или Република Српска и остатокот на Босна и Херцеговина. Сепак, има и нешто позитивно - во регионот веќе не се бројат мртви, туку пари.

DW.COM