1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расни безредија во Белград

Во безредија во белградското предградие Ресник полесно се повредени 13 полицајци и двајца граѓани, а за инцидентите се приведени 20 осомничени лица.

Според главниот полициски инспектор на белградската полиција Лука Дејовиќ, по вчерашните инциденти во Ресник е мирно и нема собирање на граѓани. Во Ресник избија безредија поради поставувањето контејнери во кои би требало да бидат сместени Роми раселени од населбата Белви во Нов Белград. Жителните на Ресник протестираа поради одлуката на градските власти да ги преселат Ромите во нивната населба. Градоначалникот на Белград Драган Ѓилас ги осуди „расно мотивираните безредија“ и нагласи дека законот мора да важи за сите и дека напаѓачите на полицијата мора да бидат казнети. Ѓилас истакна дека безредијата се „исклучително расно мотивирани“ и наведе дека е тоа сериозен проблем за кој што мора да се зборува гласно и јасно.

„Ги потсетувам сите белграѓани дека поради расна нетрпеливост Белград во минатото се срамеше два пати, дека имавме денови на жалост и подигнувавме споменици кога на улиците на нашиот град страдаа ромски деца само затоа што имаат друга боја на кожата“, изјави Ѓилас.