1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расмусен: пресудата од Хаг не влијае на решението од самитот во Букурешт

Пресудата против Грција од Судот во Хаг не влијае на одлуката донесена од НАТО сојузниците на самитот во Букурешт во 2008-ма година, забележува во својата писмена изјава Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен.

default

Расмусен: пресудата против Грција нема да ја промени одлуката од самитот во Букурешт

„Се договоривме дека поканата за Македонија ќе биде продолжувана се' додека не се постигне заемно прифатливо решение за името. Оваа одлука беше повторена на следниот самит и на министерските состаноци“, стои во писмената реакција на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во спорот Македонија против Грција“, стои во писмената изјава на првиот човек на НАТО, Расмусен, доставена до Дојче веле.

Затоа Расмусен нагласува дека пресудата не влијае на одлуката донесена на букурешкиот самит пред три години.

Во писмената изјава од Генералниот секретар на НАТО, Македонија е ословена со привремената референца, а со фуснота се објаснува дека Турција ја признава Македонија под нејзиното уставно име.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска