1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расмусен нов генерален секретар на НАТО

По долги противења, Турција се согласи данскиот премиер Андерс Фог Расмусен да биде наследникот на генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер. Јубилeјниот самит е засенет од жестоките демонстрации во Стразбур.

default

Данскиот премиер Андерс Фог Расмусен, наследник на Јаап де Хоп Шефер

Данскиот премиер Андерс Фог Расмусен е нов генерален секретар на НАТО. Ова го потврди актуелниот секретар на Алијансата, Јаап де Хоп Шефер на крајот на НАТО самитот во Стразбур. Одлуката била донесена едногласно.

Зошто блокираше Турција?

Турција претходно го блокираше изборот на данскиот премиер Андерс Фог Расмусен за нов генерален секретар на Алијансата. Турција му префрлуваше на Расмусен за неговата реакција по објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед во дански весник во 2005/06 година. Освен ова Анкара му забележуваше на данскиот премиер дека не преземал никави мерки за затворање на една курдска телевизиска станица, која емитува програма од Данска.

Авганистан тема во Стразбур

04.04.2009 DW TV Journal Nato Merkel

Самит на НАТО

Друга голема тема на јубилејниот самит на НАТО беа политичките советувања околу натамошната стратегија на НАТО во Авганистан. Американскиот претседател Барак Обама има намера да испрати дополнителни 21 илјади војници на Хиндукуш, за поефикасна борба против Талибанците и ќелиите на Ал Каеда. Обама уште вчера јасно истакна дека очекува поголем ангажман од европските сојузници, кои од своја страна се нерешителни да испратат нови трупи во опасната мисија. Обама јасно укажа и дека нема да се стационираат американски копнени трупи во Пакистан. Но, ќе бидат интензивирани воздушните напади на авганистанско-пакистанската граница, каде се претпоставува дека оперираат терористи на Ал Каеда.

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека мисијата на НАТО во Авганистан не смее да пропадне. Според неа Авганистан претставува испит за Алијансата.

НАТО и други меѓународни трупи веќе седум години се стационирани во Авганистан.

Анти-НАТО демонстрации во Стразбур

Самитот на НАТО инаку е придружуван од жестоки демонстрации. Како што јавуваат агенциите, маскирани Анти-НАТО демонстранти палеле објекти во Стразбур.

Demonstration Protest gegen Nato Gipfel in Strasburg

Протести против самитот на НАТО во Стразбур

Од германската страна на Рајна повеќе илјади демонстранти чекаат пред затворената граница. Тие сакаат да преминат на француска страна, за да може да учествуваат на големите демонстрации закажани за попладнево. Со оглед на ескалацијата на ситуација во Стразбур, засега границата е затворена. Француските власти во меѓувреме соопштија дека ќе им дозволат премин на границата само на оние кои сакаат мирно да демонстрираат.

Во текот на претпладнето дојде до повеќе судири на демонстрантите со полицијата. Повеќе стотици демонстранити фрлаа камења и молотови коктели врз полицијата. Досега во Стразбур се уапсени повеќе од 30 демонстранти.

Автор: Бернд Ригерд / Александра Трајковска / Агенции (дпа)