1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Расмусен: Македонија во НАТО само со решен спор за името

Покана за членство на Македонија во НАТО ќе биде испратена штом ќе биде најдено заеднички прифатливо решение за прашањето за името со Грција, се вели во извештајот презентиран од генералниот секретар Фог Расмусен.

Во однос на земјите-кандидати за членство во НАТО, во извештајот на Расмусен, кој денеска на прес-конференција во Брисел го претстави пред новинарите, се наведува дека Алијансата ќе одржува посебно тесни врски со сите четири земји-кандидати: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Грузија, како што јавува дописникот на МИА од Брисел.

„Во 2013. година е постигнат одличен прогрес во исполнувањето на стандардите на НАТО, но потребен е понатамошен прогрес за овие земји да станат членки на Алијансата“, се наведува во овој дел од извештајот на Расмусен, каде за Македонија е поставено решавање на прашање на името како единствена блокада за и официјално да стане членка.

Во однос на тоа дали на агендата на Самитот во Велс во септември ќе се најде и проширувањето, високи извори од НАТО за МИА потврдија дека сѐ уште не е одлучено, но оти „нема сомнеж дека ќе се повтори политиката на отворени врати, како што тоа се правеше на претходните Самити”.

„Сѐ уште има време и очекуваме ажурирана оценка на сите четири земји-кандидати пред Самитот, па последната одлука ќе се направи врз основа на таа база“, потврдуваат високите извори на Алијансата за МИА, инсистирајќи на анонимност.

На прес-конференцијата, пак, генералниот секретар на Алијансата посочи дека главни точки на годинешниот Самит на НАТО ќе биде повлекувањето на трупите на Алијансата од Авганистан и идната тренинг-мисија.