1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расмусен иден ген-сек на НАТО?

Две недели пред јубилејниот самит на НАТО, се исцртува и кандидатот со најголеми шанси за иден генерален секретар на Алијансата. Извори од НАТО-членките тврдат дека станува збор за данскиот премиер Андерс Фог Расмусен.

default

Данскиот премиер со најголеми шанси за фотељата во Брисел

Педесет и шестгодишниот Расмусен е доволно искусен за да не наседне на бројните новинарски прашања околу неговата кандидатура за местото генерален секретар на НАТО. Но, последниве денови се згуснаа шпекулациите дека токму него го чека местото во Брисел. Ваквите информации добија посебно силен поттик откако и американските медиуми почнаа да јавуваат дека новата администрација во Вашингтон би била подготвена да го прифати актуелниот дански премиер на оваа одговорна функција.

Расмусен не зборува за местото генерален секретар, но затоа упадливо радо зборува за ангажманот на данските војници во мисијата на НАТО во Авганистан и со тоа се претставува како верен сојузник: „Данските трупи оперираат во покраината Хелманд. Тоа е многу опасно подрачје и веќе имаме не така мал број загинати војници поради тоа. Но, во Данска и понатаму превладува мислењето дека треба да се продолжи ангажманот во Авганистан“, вели премиерот Андерс Фог Размусен.

Има и поинакви мислења

NATO Flagge Logo

Во Данска превладува мислењето дека треба да се продолжи со ангажманот во НАТО

Данска има околу седумстотини војници во мисијата на НАТО во Авганистан, од кои досега загинале повеќе од дваесетина. Споредено со бројот жители на Данска, тоа се најголеми загуби од сите земји вклучени во меѓународната мисија. Поради тоа, премиерот Расмусен пожнеа големи критики во сопствената земја, но ги издржа, а за генералите на НАТО тоа е уште еден аргумент повеќе во прилог на неговата кандидатура за иден генерален секретар. Местото ќе биде испразнето летоска, а се очекува името на идниот ген-сек да се објави на самитот на Алијансата за две недели. Фактот што Расмусен доаѓа од една од помалите европски земји само му оди во прилог, бидејќи тие полесно ја добиваат поддршката од останатите членки. Сепак, мора да се спомне дека членките на НАТО од Средна и Источна Европа овојпат за залагаат на оваа функција да дојде нивен претставник.

Данските медиуми шпекулираат дека е можно да дојде вето од Турција. Расмусен како премиер од редовите на конзервативна партија, имено, не го бие добар глас во исламскиот свет по објавувањето на спорните карикатури за Пророкот Мухамед, што ги лансираа токму данските медиуми.