1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Расмусен: Ако е потребно, НАТО ќе ја одбрани Турција

Алијансата не сака да се вмеша во сирискиот конфликт, но доколку е потребно ќе интервенира.

НАТО е подготвен во случај на ескалација на конфликтот меѓу членката на Алијансата Турција и нејзиниот сосед Сирија. Всушност оваа тема не е на дневен ред, но го засени првиот ден од состанокот на министрите за одбрана од земјите членки, што се одржува во Брисел. Минатата недела беа убиени пет турски цивили во прекуграничен артилериски напад од сириска страна. Турскиот парламент ја овласти владата за воена интервенција.

Но, владата во Анкара до сега не ги повика партнерите во Алијансата за воена поддршка според членот 5 од Повелбата на НАТО. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ваквата можност во Брисел ја нарече хипотетичка. Наместо тоа, тој побара воздржаност од турската влада, што таа веќе и покажа во „целосно неприфатливите сириски напади“.

Нагласување на деескалацијата

„Секако дека Турција има право да се брани во рамките на меѓународното право“, рече Расмусен. Турција исто така може да се потпре и на солидарноста на НАТО.

„Ние ги задржуваме сите неопходни планови, ако е потребно, да ја одбраниме Турција“, рече Расмусен. Но, тој се надева дека ова нема да биде потребно. Сирискиот проблем може да се реши само политички. Исто така и германскиот министер за одбрана Томас де Мезије изрази подготвеност за германска помош за Турција.

Syrien Türkei Konflikt

Тензијата меѓу Турција и Сирија расте, но за сега НАТО бара политичко, наместо воено решение на проблемот

„Германија цврсто стои на страната на Турција. Ние за правилно го оценуваме тоа што Турција реагираше одлучно и мудро и што така ќе реагира, па затоа сите треба да работат тоа така и да остане“, рече германскиот министер за одбрана.

Тонот секако дека е јасен и е за деескалација. НАТО ќе направи се’ за да не биде вовлечен во конфликтот.

Нема повеќе свои воздушни сили

Всушност, тема на вчерашната дискусија беа мерките за штедење. Државите членки мораат своите буџети да ги доведат во ред и затоа дури да штедат и во одбраната. Но, НАТО притоа не сака да загуби од своите одбранбени способности. Транснационалната соработка е магичниот збор за поврзување и консолидација на одбранбените капацитети каде што за тоа има смисол. Одбранбената политика речиси секаде е работа на национален престиж. Сепак, во иснина на пример не сите НАТО земји ќе имаат повеќе свои воздушни сили.

Но, Расмусен предупреди од илузии. Еден ден, кога економиите ќе се опорават, НАТО членките ќе требаат повторно да ги зголемат влижувањата во одбраната. Безбедноста е основа на просперитетот, рече Расмусен.

„Некои велат ние не би можеле тоа да си го дозволиме. Но, јас велам: ние не можеме да си го дозволиме од неа да се откажеме“, додаде генералниот секретар на НАТО.

Расмусен рече дека одлуката да се направи или не фузија останува на владите и оти НАТО во тоа не се меша. Како и да е, сепак тој покажа симпатии за спојувањето.

„Генерално, јас сум за тоа европските одбранбени индустрии да се реструктуираат за да станат поконкурентни и ефикасни“, рече Расмусен.