1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Расизмот-голем проблем во спортот

Расизмот е се поприсутен и во спортот , особено на фудбалските стадиони . како навивачите ги доживуваат зачестените расистички испади на стадионите. Јозефа Мартенс беше на трибините на неделниот натпревар во Бундеслигата меѓу Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах и донава како ти гледаат на овој голем проблем

Ваквите акции не се доволни

Ваквите акции не се доволни

„И самиот играв фудбал повеќе од 20 години. Играв и самиот со многу странци . Меѓу нив истотака има пријатни лиуѓе . Дури тие ми беа многу , многу помили отколку повеќето Германци”

Зошто има расизам во спортот овој фан на Баер Леверкузен не може да каже , но добро знае што може тој да предизвика :

“Можам многу добро да си претставам а тоа може да се види и на телевизија , што се случува на Истокот на Германија . Тука во Леверкузен не го забележувам тоа често . Тоа се случува и во пниските , региуонални лиги . Таму во денешно време воопшто не сакам да играм , бидејќи делумно имам дури и страв ”

Расизмот нема што да бара во спортот . Околу тоа постои единство , но сепак професорот Валтер Токарски , ректот на Германскиот факултет за спорт во Келн , веќе со години ја набљудува растечката подготвеност за насилство на стадионите против сите форми на различност:

“Во моментов тоа ескалира со навивачките групи , пособно оние наречени Ултрас , кои ги има и во Германија и се идентификуваат како радикални а истотака и како деснорадикални групи и оттаму за време на натпреварите во најдобар случај ги извикуваат своите политички пароли . Тоа е проблемот денес , но не останува на паролите , туку води се повеќе и кон насилство”- вели професорот Токарски .

Тој меѓутоа смета дека решавањето на проблемите , кога станува збор за насилството и пред се за деснорадикалното насилство премногу долго било одложувано во политичките кругови . Токарски истотака смета дека и во спортот е направено премалку за да се осуди насилството , расизмот и антисемитизмот.

Досега имено одговорните се обидуваа да му се спротистават на насилството со соопштенија на стадионите или акции како онаа црвен картон за расисмот . Со таква кампања започна Баер од Леверкузен но и останатите тимови во Бундеслигата . Меѓутоа очигледно тие не променија многу во фактичката ситуација:

“Често одам на стадион и мислам дека генерално чуството кон црномурестите сограѓани стана поекстремно , отколку пред неколку години . Значи порано не беше толку лошо ”

Германската спортска младина по повод меѓународната недела повика на борба против расисмот . Меѓутоа сеуште недостасуваат дискусии без табуа како и јасни позиции од страна на спортските функционери , играчите но и од навивачите на трибините.