1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Расизам на стадионите во Србија

Неодамнешниот дуел на младите репрезентации на Србија и Англија во Крушевац беше сцена на расистичките инциденти кон фудбалерите со црна боја на кожата. Дали е тоа специфика на Србија, или е проблем на целиот регион?

Прекинатиот меч меѓу загрепскиот Динамо и белградска Црвена Ѕвезда во 1990 година, според американската мрежа СиЕнЕн спаѓа меѓу петте спортски настани кои го „промениле светот“. Случувањата на мечот, според многумина, значеа и вовед во распадот на Југославија. Спортските стадиони на тој начин станаа рефлексија на случувањата во општеството, а навивачките групи, зависно од потребите, станаа орудие во рацете на националистите, па дури и на верските заедници.

Flash-Galerie Fußball Hooligans Beograd Serbien

Судири на навивачите на Црвена Ѕвезда и Партизан

На неодамнешниот меч меѓу младите репрезентации на Србија и Англија во Крушевац, домашната публика ги навредуваше гостинските фудбалери со темна боја на кожата на расна основа. Поради тоа имаше дури и барања Србија да се исфрли од меѓународните натпреварувања. На меч од српската фудбалска лига, навивачите на белградски „Рад“ на гостувањето во Нови Пазар извадија транспарент на кој пишуваше „Нож, жица, Сребреница“, а домаќините им одговорија со извици „Жолта куќа“.

Целата низа инциденти беше повод почесниот претседател на Партизан и министер во владата, Расим Љајиќ да изјави дека фудбалот во Србија треба да се укине на одредено време, доколку државата не може да се избори со хулиганите.

Вредносен систем на 90-те

Сите тие расистички и националистички испади покажуваат дека Србија не се оддалечила многу од 90-те години, вели за ДВ Аида Чоровиќ, директор на невладината организација Урбан Ин од Нови Пазар. И тогаш, и денес, стадионите се користат за промоција на различни назадни идеи кај младите луѓе.

Jugoslawien Kroatien Serbien Geschichte Fußball Angriff auf Polizist

Историја: нападот на Звонимир Бобан врз полицаец на Максимир во 1990 година

„Овие генерации кои дојдоа потоа, и кои всушност и не се сеќаваат на 90-те, се производ не само на војните, туку и на сето она што се случуваше по нив, во текот на последната деценија. Иако говорам за Србија, тоа е проблем за целиот регион, бидејќи ние во ниту еден момент не се дистанциравме од вредносниот систем на 90-те години. Го сторивме токму спротивното, и продолживме да го промовираме тој систем“, вели Чоровиќ.

Влијанието врз младите луѓе кои се актери на овие испади и насилства, без разлика дали станува за спречување на геј-парада или националистички и расистички извици на стадионите, доаѓа од широк круг луѓе. Врз нив има од етничко-религиозно влијание, па се до политичарите и подземјето, кои манипулираат со тие групи на млади луѓе.

Спрегата со национализмот

„Не мислам дека Србија во тој поглед е многу специфична, бидејќи во целиот

Rassismus im russischen Fußball

Расистите често им фрлаат банани на црномурестите фудбалери

регион е слична приказната. Нам токму и ни се случи војната поради спрегата на национализмот, националистички настроените политичари, секако тука се вплетка и религијата и таа до денес врши погубно влијание, и секако мафијашите, кои ние бласфемично ги нарекуваме тајкуни или контроверзни бизнисмени“, вели Чоровиќ.

Клучниот збор, кога говориме за инциденти е „насилство“, вели Андреј Носов, директор на фондот Хартфакт. Насилството стана образец за комуникација во нашето општество, оценува Носов.

„Не е работата во петмината насилници кои тоа го прават, туку во луѓето кои стојат зад сето тоа, кои се идеолози и двигатели на сето тоа. Би рекол дека тоа има врска со луѓето кои учествуваа во војните, има врска со нешто што би го нарекле крупен капитал, но и со она што се нарекува контрола врз уривачки групи. Верувам дека во власта постојат луѓе кои имаат врска со тие насилници. Секако дека нема докази дека станува збор за некој конкретен министер, или директор на институција, но верувам дека премолчувањето и релативизацијата на тоа насилство води кон тоа да се стекне впечаток дека постои еден вид поддршка на тоа насилство“, заклучува Носов.