1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Расадник на хумор и креација

Најстарото хумористично сатирично списание во Македонија, „Остен“, по 6 години пауза и 65 години од излегувањето, е повторно достапен за читателите, oвојпат како месечник во склоп на весникот „Време“.

default

Карикатуристите повторно ќе добијат свое катче

„Остен“ беше факултет низ кој поминаа сите македонски карикатуристи и хумористи, расадник на нови и креативни идеи од оваа област, оценува Мице Јанкуловски, сликар, карикатурист и бизнисмен кој пред неколку години го откупи брендот „Остен“. Тој оценува дека е голем рејтингот на „Остен“ во светот и дека има голем број пријатели кои го подржуваат неговото враќање.

„Сепак, 65 години се и товар и обврска дека мора да се застане на здрави, на вистиски нозе, затоа што ’Остен’ во изминатиот период значеше не само во македонски, туку и во светски рамки. Ние секојдневно добиваме поддршка од цел свет дека го поддржуваат излегувањето на ’Остен’ и дека тоа е голем плус не само за македонското постоењето на карикатурата и хуморот, туку и за светското постоење, уште повеќе што во Македонија имаме голем потенцијал и расадник на хумористи и карикатуристи кои многу значат во светски рамки.“

Нација која се смее на сопствените грешки е сериозна нација

За Дарко Марковиќ, карикатуристот и главен и одговорен уредник на „Остен“, ваквото списание е столбот на нацијата со кој преку хумор и сатира, власта и сите кои претендираат за власт, можат да ги согледаат своите грешки и на симпатичен начин да ги поправат за да се оди напред:

Skopje Zentrum

Скопје

„Остен е списанието со кое ќе се обидеме да им ја повратиме насмевката на граѓаните, а и да си го проверат своето мислење“, вели Марковиќ, потенцирајќи: „Ако една нација умее да се смее самата на себе, дури тогаш станува сериозна држава.“

Обновениот „Остен“, како новина со имиња и настани, ќе укажува на негативностите во општеството, но до одредени граници, вели Марковиќ: „Постои една линија која не дозволува навреда на личноста, но дозволува навреда на постапката. Потенцирам дека хуморот, сепак, дозволува нешто повеќе, бидејќи тоа е преку смеа, нешто повеќе во смисол на критика, но и како награда.“

„Остен“ иницира Музеј на цртеж

Уредникот на текст Васил Толевски вели дека „Остен“ стартува со старата екипа, но распишале и конкурс за соработка со нови млади и талентирани автори за кои смета дека ги има во Македонија, а кои потоа ќе треба и да ги заменат. Воедно, со радост информира дека веќе им се приклучиле и првите двајца.

„Моментално се појавија веќе два нови автори за кои сум пријатно изненаден, а тие ќе творат на полето на афоризмот. Најлесно е да се пишува афоризам, а после сигурно ќе поминат на сатирични текстови. Едниот е Един Хајдарпашиќ од А1 телевизија, а другиот е Стојан Арсиќ од ’Просветен работник’. И двајцата се многу талентирани и имаат мотиви да пишуваат, а што е најважно, знаат да ги загатнат темите‘‘, вели Толевски.

Во галеријата на „Остен“, во чии рамки излегува и списанието „Остен“, минатата година по три години пауза заживеа Светската галерија на карикатури, а за првпат беше организирана и Светската галерија на цртеж. Од „Остен“ , веќе иницираат и отворање на Музеј на цртеж, единствен од ваков тип во Европа.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска