1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ранети двајца германски војници на Косово

Во судирите меѓу војниците на НАТО и Србите на северот на Косово, денеска (01.06) се ранети двајца војници на Бундесверот. Се работи за прострелни рани.

Портпаролот на командата на Бундесверот во Потсдам, Уве Новицки, потврди дека двајца војници добиле прострелни рани, но нагласи дека не се во животна опасност. Еден од војниците има прострелна рана на горниот дел од раката, додека другиот е повреден на увото. Според Новицки војниците на КФОР биле нападнати претпладнево кога сакале да отстранат барикада поставена од Србите во селото Рударе. Од српски извори се вели дека во судирите има и тројца повредени Срби, поради тоа што КФОР употребил солзавец и гумени крушуми за да ја растера толпата од неколку стотини демонстранти.

Агенцијата Бета јави дека сите барикади кои водат до Звечан, вклучувајќи ја и големата бетонска барикада кај местото Дудин крш се отстранети од страна на КФОР. Според очевидци, при отстранувањето на барикадите КФОР употребил тешка механизацја. Во Звечан ситуацијата е и натаму многу напрегната.

НАТО на Косово во моментов има околу 6200 војници, а германскиот контингент е најголем и брои околу 1300 војници.