1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ранетите германски војници од Авганистан на пат за татковината

Петтемина ранети војници на Бундесверот денеска треба да бидат пренеси од Авганистан во воената болница во близината на Келн.

Авганистански полицајци на местото на атентатот во Кундус

Авганистански полицајци на местото на атентатот во Кундус

Специјалниот авион болница на Бундесверот веќе е на пат за градот Термес во соседен Узбекистан, каде ќе бидат префлени војниците од авганистанскиот град Кундус. Двајца од нив се водат како тешко ранети, што сепак нема да влијае врз целата акција.

Тешко ранети има и во болниците во Кундус, изјави шефот на безбедносните сили во овој град во северен Авганистан. Тој изјави дека за сега нема апсења во врска со вчерашниот самоубиствен атентат. Според него, меѓутоа, се‘ уште не е отстранета опасноста од натамошни атентати, што се поклопува и со проценката на штабот на Бундесверот во Авганистан.

Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг порача дека ситуацијата во Авганистан беше и останува опасна, но контингентот германски војници од ИСАФ силите нема да се повлече. Според него најважно е:

“Од решавачка важност е да ставиме јасно до знаење дека не сме окупатори, туку дека сме таму за да го штитиме населението, да ја придобиеме неговата довцерба, а тоа значи и да бидеме во контакт со луѓето, како што тоа го правеше и вчерашната патрола.“

Десетте војници на Бундесверот, придружувани од еден полицаец и преведувач оделе да купат нови фрижидери за германската база во Кундус. Наместо да ги нарачаат од Германија, тие сакале да вложат средства во локалното стопанство и да остварат контакт со населението, поради кое и се во мисија во Авганистан. При тоа налетале на атенаторот самоубиец кој го активрал експлозивот кога минувале покрај него.

Министерот за одбрана Јунг смета дека атентатот им бил наменет општо на војниците на ИСАФ силите, а не посебно на германските војници. Но, тоа треба допрва да го покаже истрагата за нападот што се одвива со голем интензитет.