1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Рамуш Харадинај- премиер на привремената косовска влада?

Шефот на Унмик, Сорен Јесен Петерсен изјави дека не може да се спротивставува на именувањето на лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, за мандатар на косовската влада, бидејќи, како што рече, тоа би било исто како да и се каже “ не” на демократијата.

„Мошне е важно идниот косовски премиер да биде личност прифатлива за граѓаните на поктаината“, рече цивилниот администратор за Косово, додавајќи дека по успешните избори во покраината, сега политичките партии треба да оценат колку идниот шеф на привремената косовска влада ќе биде прифатлив за гласачите.

Српските политичари, во меѓувреме жестоко се спротивставија на предлогот Рамуш Харадинај да ја предводи косовската влада.

Оценувајќи го предлогот како апсолутно неприфатлив, српскиот претседател Борис Тадиќ рече дека тргнува во дипломатска акција за да го аргументира својот став. Тадиќ остро ја осуди поддршката на Петерсен во врска со договорот на албанските политички партии Харадинај да биде премиер на привремената косовска влада. Посочувајќи дека станува збор за политички притисок, Тадиќ потсети дека иследници на Хашкиот трибунал неоданма го испитувале Харадинај за воени злосторства извршени во Косово.

Политичките претставници на Србите на Косово, изненадени од веста за кослицијата меѓу Демокраскиот сојуз на Косово на Ругова и партијата на Харадинај, посочија дека најверојатно таквиот договор нема долго да трае. Дел од нив, оценија дека тоа е резултат на српскиот бојкот на октомвриските избори.

Во коалицијата ќе члеува и Демократската партија на Албанците на Косово и уште три помали албански партии. По вчерашниот договор, извесно е дека косовски претседател ќе биде Ибрахим Ругова. Како кандидат за потптретдедател на косовската влада се споменува Неџат Даци од Демократската партија за Косово, а Фатмир Сејдиу од истата партија најверојатно ќе биде претседател на косовскиот парламент.