1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Рамноправност и за мажите

Еден германски канцелар во една пригода изјави дека Министерството за жени и семејни прашања е глупост. Но, времињата се менуваат. Денес и мажите се опфатени со ова министерство.

default

Кога се однесува за политиката кон мажите, Германија заостанува, беше заклучено на неодамнешната конференција „Машкиот политички придонес кон еднаквоста на половите“. Ни големината, ниту значењето на конференцијата која ја организираше младата министерка за семејна политика Кристина Шредер не можеа да прикријат дека Германија на ова поле заостанува зад соседните земји.

Колешките на Шредер од Норвешка, Швајцарија, Австрија и Луксембург, на пример, на конференцијата рекоа дека за разлика од Германија тие себеси се нарекуваат „министри за рамноправност“ а не министри за „семејство, стари, млади или жени“. Ниту германската министерка не е задоволна со својата титула.

„Испаѓа дека јас сум надлежна за се’ освен за мажите во средни години и без деца“, се шегуваше Кристина Шредер.

Рамноправноста подеднакво се однесува и на мажите и на жените, рече Шредер и повика да се откажеме од „диктатот на сопствените претстави за улогите во општеството“.

Борба на половите

Министерката ја пофали политиката кон жените која е водена изминативе

Kristina Schröder Bundestag

Кристина Шредер

децении кон жените во Германија, но истовремено укажа дека нејзиниот пристап е поинаков. Таа цитираше еден текст од феминистичкиот магазин „Ема“: „на ќерките може да им биде подобро само ако на синовите им е потешко“.

„Мислам дека таквата борба не е добра“, рече Шредер. Таа ги одбива и квотите за жените на водечки позиции во големите германски компании, иако тоа се бара од повеќе места.

„Доколку ги фиксираме преференците на 50 отсто жени и 50 отсто мажи, индивидуалните квалитети ќе станат пречка. Токму индивидуалноста, за која јас се залагам, е најдобра можност за еднаквост на шансите за двата пола“, смета Шредер.

Од 2007. година родителите во Германија имаат право на платено родителско отсуство- таткото или мајката можат да примаат 80 отсто од платата (но максимум 1.800 евра) за да го чуваат детето. Вкупно, двајцата родители тоа можат да го прават најмногу 18 месеци. Во Норвешка нешто слично постои уште од 1978 година. Норвешката министерка Арни Холе појасни дека тој закон во повеќе наврати е реформиран.

„Но, успехот е огромен. За европски услови, кај нас наталитетот е висок (1,9), а 75 отсто од жените работат. Квалитетот на животот е подобар кога родителите се рамноправни. Само доколку сите полнолетни работат и плаќаат данок, можеме да си дозволиме држава на благосостојба“, рече Арни Холе.