1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рамковски треба да се изјасни по обвинението

Првообвинетиот во случајот „Пајажина“, сопственикот на А1 ТВ, Велија Рамковски, денеска ќе даде исказ по обвинението за наводно злосторничко здружување, затајување данок, перење пари и злоупотреба на службена положба.

Велија Рамковски

Велија Рамковски

Велија Рамковски на минатото рочиште најави дека неговиот исказ ќе биде краток. Покрај него, денеска исказ ќе треба да дадат и брат му Амди Рамковски, потоа Невин Рауф и Зоран Мицевски. Додека едниот од нив дава исказ, другите нема да бидат присутни во судската сала.

Обвинителството го товари Рамковски за основање на 24 фирми во Македонија и во странство, кои биле раководени од останатите обвинети, негови роднини и блиски соработници. Според обвинението, тие преку меѓусебно плаќање невистинити фактури и фиктивни позајмици, вршеле перење пари и избегнувале плаќање данок.

Автор: ГЧ/миа

Редактор: Борис Георгиевски