1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рамковски: „Не сум виновен“

Сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски во својот исказ пред Судскиот совет ги отфрли како невистини обвиненијата за злосторничко здружување, перење пари, даночно затајување и злоупотреба на службената положба.

default

Во своја одбрана, првообвинетиот во случајот „Пајажина“ Велија Рамковски денеска тврдеше дека не е виновен за делата кои му се ставаат на товар и дека не постои никаква злосторничка група. Според него, тоа биле деловни и финансиски односи меѓу компаниите.

Обвинителството го товари Рамковски за основање на 24 фирми во Македонија и странство, кои биле раководени од останатите обвинети, негови роднини и блиски соработници.

Според обвинението, Рамковски и соработниците преку меѓусебно плаќање невистинити фактури и фиктивни позајмици, вршеле перење пари и избегнувале плаќање данок.

Автор: СН/БГ/макфакс

Редактор: Трајче Тосев