1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Рамен данок-фасцинантна идеја

Законите за даноците стануваат се покомплексни и непрегледни , но не и поправедни. Доволно со тоа , повикаа во 1981 година американските економисти Роберт Хол и Алвин Робуска : Една даночна стапка , без исклучоци. Во САД меѓутоа овој така наречен рамен данок , никогаш не беше воведен . Затоа пак во Источна Европа тој доживува вистински успех .

default

Повеќе не може да се утврди , кој ја одреди оваа бројка во светот , но звучи фасцинантно: Наводно луѓето ширум светот минуваат осум милијарди часови за пополнување на своите даночни пријави.

Една даночна стапка , без исклучоци , без дупки во законот . На тој начин ќе се прошири основата за приходи на државата и согласно на тоа таа може ниско да го постави единствената даночна стапка И професорот Винфрид Фуест од Институтот за германска економија во Келн ја смета основната идеја за рамниот данок за фасцинантна:

“Дупките , кои денес , иако се поретко , се содржани во законите за даноците , и одат од рака секогаш на една определена група. На замјоделците на пример или рударите . Погледнато на тој начин тоа е неправедно. Доколку токму овие дупки се стеснат и се прошири даночната основа , државата и со пониска даночна стапка остварува еднакво високи приходи”.

Во средна и во источна Европа во последните години се случува вистински успех на рамниот данок . Го воведоа за првпат Естонија и Литванија во 1994-та година , потоа следуваа Летонија , Русија , Србија , Украина , Словачка , Грузија . Романија , Унгарија и Чешка а од наредната година и Македонија . На врвот по висината на даночната стапка стои Литваниа со 33 проценти , додека најдолу на листата се Србија со 14, Русија и Украина со 13 и Грузија со 12 проценти .

Искуствата во поголемиот дел од земјите се добри . Во Чешка на пример , има единствена даночна стапка вклучително и данокот на промет од 19 проценти . Во Унгарија искуствата досега не се толку добри . Таму се потребни подобрувања и размислувања околу натамошно зголемување на даноците , но во повеќето земји каде што е воведен овој рамен данок , постојат добри искуства”

При што фер е да се каже дека , повеќето земји со рамна даночна стапка ги изедначуваат помалите приходи со повисоки даноци на потрошувачката – вели Винфрид Фист од Институтот за германска економија , Во повеќето од овие земји на пример данокот за додадена вредност е поставен значително над 20 проценти , додека во Германија се лелекаше околу зголемувањето на овој данок од 3 проценти . Имено од почетокот на наредната година тој ќе изнесува 19 проценти.

И во Германија инаку жестоко се дискутираше за единствен данок воочи парламентарните избори во минатата година . Професорот Паул Кирхоф од Хајделберх своевремено предложи вовеување на единствен данок од 25 проценти на сите остварени приходи. Меѓутоа како што пресмета Германскиот Институт за економски истражувања во Берлин , оваа даночна стапка би водела до намалени приходи од 30 милијарди евра во државната каса. Финснсиски експерти во сојузната влада и во покраините зборуваа пак за 44 милијарди евра- со што овој модел брзо беше тргнат од масата.

Иако моделот на Кирхоф во Германија не доби политичка подршка , сепак и германскиот министер за финансии не може да го одбегне трендот за пониски даночни стапки . Високите даноци ги плашат инвеститорите , понииските ги привлекуваат . Пер Штајнбрик можеби се нервира поради натпреварот околу најниски даночни стапки , но не може да го одбегне.

“Германија ќе оди по овој пат , дури и ако тоа се одвива со одолговлекување , впрочем и во договорот на големата коалиција беше кажано , дека поради способноста за натпревар на пазарот , мораме да ги намалиме даночните стапки – тоа е цената на глобализацијата , која мора да ја платиме , тоа сека е прифатено и во политиката. Стопанските субјекти секогаш реагираат почуствително , претприемачите . Светот е глобализиран , и денес е исто така, што човек мора тоа да го земе предвид.