1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Рамазан Барам - празник на љубовта и меѓусебно разбирање

Днеска е Рамазан Бајрам. Во Македонија првпат се слави како државен празник. Што означува празникот со кој завршува светиот месец на постите за верниците од исламска вероисповед?

default

Со бајрамската молитва почна празнувањето на Рамазан Бајрам

Утрово во термин одреден според позицијата на сонцето почна бајрамската молитва на исламските верници во Македонија. Од тој момент кога голем број верници му се поклонуваат на Алах се празнува Бајрам. Со желба за толеранција, хуманост и вистински вредности најголемиот муслимански празник на верниците им го честита поглаварот Ефенди Сулејман Реџепи - Денес треба да побараме простување, треба да покажаме пред Алах и пред луѓето дека ние сме многу поголеми од инаетот и љубомората, дека сме многу поголеми од убиствената моќ на луѓето која што се намножи кај нас без никаква контрола. Нека ни е радосен Бајрам и нека биде исполнет со љубов, меѓусебно разбирање, толеранција меѓу сите луѓе со кои што живее заедно. - рече поглаварот Реџепи

Богата трпеза за Рамазан Бајрам

По 30 дневниот пост во месецот Рамазан верниците вчера пазареа за денешната богата трпеза, баклавата се подготвува ден претходно велат тие, а денеска на Бајрам домаќинките подготвуваат разни богати јадења.

За време на рамазанските пости кои се практикуваат од изгрејсонце до стемнување верниците се возджуваат и од јадење и од пиење, особено од грешни мисли – Целиот месец Рамазан значи молитва, приближување до духовното. Постои вистински збор што се вика ибадет, значи човекот цел месец се моли, цел месец е близок со Господ, цел месец треба да прави убави дела. Постите важат и за децата кои особено му се радуваат на денешниот празник.

Верата го врати мирот во ИВЗ

Бајрам значи љубов кон ближните, простување на гревовите, помагање на безпомошните. Богатите им помагаат на сиромасните. Годинешниот Рамазан Бајрам, Исламската верска заедница го празнува стабилно, без внатрешни судири и инциденти, кои беа многу чести во минатитот период. Мирот е вратен благодарение решеноста на верниците кои со години го негуваат традиционалниот ислам, да и го вратат угледото на Заедницата, вели поглаварот Реџепи.