1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ракометарките седми во Европа

Македонската ракометна репрезентација го освои седмото место на Европското првенство во ракомет за жени. Во последниот натпревар ја совлада селекцијата на Белорусија со 29:24.

default

Взаемни честитки по победата над Белорусија

Македонската селекција со победа го заврши настапот на Европското првенство. Победата над Белорусија предизвика вистински овации од публиката во салата.

Македонските ракометарки беа доминантни во текот на целиот натпревар. Противничките од Белорусија во ниту еден момент не ја загрозија победата на Македонките, предводени од Бујанова која даде шест голови. Голем придонес за победата даде и Андрејева на голот, која успеа да одбрани дури 19 удари. „Ова е најголем успех на било која женска репрезентација на Македонија. Остваривме историски успех“ - нагласи голманот на македонската репрезентација.