1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ракометарите подготвени за Данска

Ракометната репрезентација на Македонија ги одработува последните подготвителни денови пред заминувањето на Европското првенство. Преовладува атмосферата на добра подготвеност за претстојните искушенија

Се поблиску е моментот за новиот исчекор на Македонија на големата ракометна сцена. Ракометарите деновиве во Скопје ја коваат формата. Уверлива победа над Црна Гора, пораз од Србија беше натпреварувачкиот ефект во завршниот подготвителен период. Селекторот Ивица Обрван вели:

„Одигравме добро во првото полувреме кога имавме резултатска предност, но Србија е исклучително силна репрезентација со голем избор на квалитетни ракометари. Можеби можевме да останеме непоразени, сепак задоволен сум и сметам дека ова за нас беше многу корисен натпревар. Ангажманот, пристапот, мотивацијата на играчите е на многу завидно ниво и мислам дека сме на добар пат.“

Репрезентациите на Данска, Чешка и Австрија се противниците на Македонија во групната фаза од Европското првенство. Какви се сознанијата и очекувањата на македонскиот селектор:

„Данска е домаќин и фаворит во групата, останатите екипи во меѓусебните дуели ја гледаат својата шанса. Сите играат подготвителни турнири. Австрија деновиве ги совлада Германија и Русија, Чешка славеше над Белорусија и Унгарија што значи дека се работи за врвни екипи. Ќе имаме тешка задача и би било голем успех ако се пласираме во вториот круг. Јас верувам дека можеме.“

Ivica Obrvan, Trainer der mazedonischen Handball-Nationalmannschaft

Ивица Обрван

Нова потврда на генерацијата

Фокусираност на битките што претстојат, желба за ново докажување, за потврда на високиот лет од пред две години кога беа 5-ти на Европското првенство во Белград. Атмосфера која ја наметнуваат најискусните во репрезентацијата. Кире Лазаров е капитен и предводник:

„Добродојден ни беше токму ваков меч каков што беше против Србија. За да ги „закрвивме“ работите како што се вели, да го кренеме борбениот дух пред патот во Данска. Имаме искуство од големите натпреварувања и треба со самодоверба и позитивно размислување да влеземе во новите битки. Ќе решаваат нијанси, патриотизмот, срцето и желбата за победа. Ќе одиме чекор по чекор, како генерација имаме обврска барем уште еднаш да се потврдиме, да покажеме дека не беше случајност 5-то место од 2012-та. Би сакал одново нацијата да ја кренеме на нозе!“

Борко Ристовски, искусниот голман укажува на високата бариера испречена пред македонскиот состав:

„Европското првенство е долго и тешко, веројатно најквалитетното ракометно натпреварување. Треба да се оди внимателно и стрпливо, вистинската форма да ја достигнеме кога ќе биде најпотребно. Има обиди да се прави атмосфера дека

Vanco Dimovski Handballspieler Mazedonien

Ванчо Димовски

сме фаворити во мечевите со Чешка и Австрија, но тоа не е точно. Ќе мораме да пролееме многу пот за да ја надминеме групната фаза.“

Ванчо Димовски со голема посветеност и во својата 35-та година го носи македонскиот дрес:

„Ни преостанува неполна недела до патот во Данска. Има доволно време да работиме на отстранување на слабостите од дуелот против Србија. На пример, падот во играта што го имавме на крајот. Не погодија повредите на Наумче Мојсовски и Филип Лазаров. Знаеме колку сме ослабени без нив и се обидовме овој хендикеп поинаку да го пренасочиме, градејќи позитивна атмосфера меѓу нас, да го надоместиме нивното отсуство вложувајќи максимум од себе. Добро е што ќе стартуваме против Данска, тоа ни дава можност да ја согледаме вистинската сила на Чесите и Австријците“.

Европското првенство започнува на 12 јануари. Македонија во третиот свој настап по 1998 и 2012 година, ќе игра во групата со Данска, Чешка и Австрија во салата во Хернинг.