1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Раководството на турската армија капитулираше пред Ердоган

Раководството на армијата на Турција поднесе оставка. Причина за овој чекор се спротивните ставови со владата околу уапсените официри, обвинети за вмешаност во планови за пуч.

default

Турскиот премиер Ердоган и раководството на армијата

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го назначи шефот на воената полиција, Неџдет Езел, за преоден шеф на Генералштабот на турската армија. Езел исто така ќе застане на чело и на копнените трупи, пренесува турската новинска агенција Анадолу, повикувајќи се на декретот што премиерот Ердоган доцна синоќа го испратил до претседателот на државата Абдула Ѓул. Досегашниот шеф на Генералштабот претходно поднесе оставка поради големи несогласувања со премиерот. Од функциите истовремено се повлекоа и шефот на копнените трупи, како и командантите на турското воздухопловство и морнарица.

Türkei Militärchef Isik Kosaner tritt zurück

Шефот на Генералштабот Исик Косанер поднесе оставка

Според проценките на турските медиуми Езел најверојатно ќе биде назначен и за наследник на досегашниот шеф на Генералштабот Исик Косанер. Во турската армија е вообичаено, шефот на Генералштабот претходно да раководел со копнените трупи.

Целото раководство на турската армија вчера поднесе оставка и со тоа предизвика политичка криза. Причина за овој чекор на воените лица е спорот околу бранот апсења на официри, обвинети за заговор против владата. Во моментов 42 генерали се во затвор под сомнение за вмешаност во планови за пуч против религиозно-конзервативната владата на Ердоган. Меѓу нив е и генерал со четири ѕвезди, кој всушност требаше да ја преземе командата врз воздухопловните единици. Армијата се залага официрите и натаму да можат да бидат унапредувани, се’ до завршувањето на постапка, владата меѓутоа бара нивно пензионирање.

Автор: АТ/ афп

Редактор: Симе Недевски