1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ракетен систем – Чешка

Соединетите Американски Држави и Чешка денеска во Прага ги започнаа преговорите за поставување на ракетниот штит во оваа земја. Во почетната фаза ќе стане збор за условите за можното стационирање американски војници на чешка територија, како и за сместувањето на ракетните техничари и нивните семејства. Втората средба е планирана за 22 мај кога ќе се разговара за технички и безбедносни прашања. Шефот на чешката делегација, првиот заменик-министер за надворешни работи Томас Појар пред средбата изјави дека очекува тешки преговори зашто за одделни точки постојат различни гледишта.