1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Раиконен победи на отворањето на Ф1 сезоната

Пилотот на Лотус, Kими Раиконен е победник на трката за Големата награда на Австралија, со која на патеката Алберт Парк во Мелбурн, беше отворена 64-та сезона во шампионатот на Формула 1.

Раиконен ја забележа 20-та победа во Формула 1. Tој на целта стигна прв со 12 секунди предност во однос на Фернандо Алонсо од Ферари. Раиконен со оваа победа на вечната листа се израмни со сонародникот Мика Хакинен.

Актуелниот светски првак, Себастијан Фетел, кој стартуваше од пол-позицијата, трката ја заврши на третото место. Токму поради квалификациите кои беа возени на шест часа пред трката, Големата награда на Австралија, понуди многу возбудувања, немаше многу претекнувања, но трката ја обележаа одлични изданија на неколкумина возачи, меѓу кои се издвои победникот Раиконен.

Melbourne Australien Formel 1 Qualifying Qualifikation Albert Park Grand Prix Vettel Regen

Шеесет и четвртата сезона на Формула 1 беше отворена во Австралија

Финецот во соработка со тимот заврши одлична работа, во вистинско време заменуваше во пит стоп и успеа да ги сочува пневматиците. Раиконен, за разлика од конкурентите кои имаа три влегувања во пит стопот, своите механичари ги посети двапати.

Покрај најдобрите тројца, бодови во Австралија освоија Маса (Ферари), Хамилтон (Мерцедес), Вебер (Ред Бул), Сутил (Форс Индија), Ди Реста (Форс Индија), Батон (Мекларен) и Грожан (Лотус). Првенството на Ф1 продолжува веќе следниот викенд кога на патеката Сепанг ќе се вози трката за Големата награда на Малезија.