1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Разочарување и надеж

Во Македонија со разочарување е примена веста дека земјата нема да биде примена во НАТО, но и со укажување дека државата сепак треба да оди нанапред и да не ја губи надежта

default

Ќе има и други прилики

Резигнираност, внимателност, разочараност, самохрабрење и самопочитување. Изгубена битка, но надежта не може да не напушти, ова се лајт мотивите од разговорите во кафулиња, на улица, во канцелариите, во првите политички реакции во Македонија.

За политичарите не е својствено да бидат песимисти и да го декуражат народот, изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи утрово, кој потоа замина меѓу жителите во Тетовско.

Пратеникот Стојан Андов од Либералната партија смета дека ова не смее да го поколеба народот и државата во основната насока од нејзиното дејствување. Македонија е земја која припаѓа на Европа.

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз оценува дека ќе има негативни имликации за Република Македонија, но тој е убеден дека Македонија има капацитети за функционална одржливост и државата и натаму ќе оди напред. Прв дипломат кој се огласи со порака беше германскиот амбасадор во Македонија. Ралф Брет оцени дека нема ризици за безбедноста на Макеоднија. Поголеми ризици се внатрешните реакции и можната разочараност кај граѓаните. Тој апелираше да се задржи добриот дух на евраотланските аспирации.