1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Разорен земјотрес, хаос во Јапонија

Јапонија денеска ја погоди најтешкиот регистриран земјотрес во нејзината историја. Од целата земја пристигаат информации за стотици жртви и огромни штети.

default

Земјотресот со интензитет од 8,9 степени според Рихтеровата скала граѓаните го почувствуваа во големи делови на Јапонија. Епицентарот се наоѓал на 400 километри североисточно од престолнината Токио. Силниот потрес предизвика и цунами бранови високи до десет метри, кои само 15-тина минути по земјотресот го опустошија североисточното крајбрежје на Јапонија. Најмногу е погоден градот Сендаи, кој се наоѓа на само стотина километри од епицентарот на земјотресот.

Веднаш по силниот земјотрес, по кој следеа и повеќе помали потреси, јапонската влада одржа итна седница. По неа премиерот Наото Кан се обиде да внесе мир меѓу населението:

„Воспоставивме кризен центар за да се справиме со последиците од земјотресот. Се грижиме за безбедноста на луѓето и се обидуваме да ги ограничиме штетите што е можно повеќе.“

Japan Erdbeben Tsunami

Катастрофални последици

Загриженост за нуклеарните постројки

Особено внимание во справувањето со последиците владата им посветува на нуклеарните централи во погодените региони. Посебно критична е ситуацијата во нуклеарната централа Фукушима Даичи каде владата прогласи тревога и им препорача на околу 3.000 жители во регионот да ги напуштат домовите. Во меѓувреме експертите се загрижени за ладењето на реакторите, бидејќи по земјотресот тоа се одвива само преку акумулатор, кој има струја за уште неколку часа. Доколку не се најде решение може да дојде до топење на реакторот и голема нукларна катастрофа. Пожарот во друга нуклеарна централа кај силно погодениот град Мијаги, која веднаш беше исклучена од употреба, во меѓувреме е изгаснат.

Japan Erdbeben Tsunami

Поддршка и помош од странство

Станува збор за најсилниот потрес во последните 140 години, кого германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле го окарактеризира како удар на судбината. Тој им изрази сочувство на погодените и понуди итна помош:

„Во овие тешки мигови им нудиме помош на нашите јапонски пријатели, доколку им е потребна“, рече Вестервеле и во името на германската влада им изрази сочувство на погодените.

Слични пораки пристигнуваат и од другите земји на ЕУ, САД и од ООН.

Автор: ГЧ/ЖА/дпа/афп

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM