1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Разорен земјотрес во Кина

Силен земјотрес од 6,6 степени ја погоди денеска југозападната кинеска провинција Сичуан, убивајќи 71 лице. Околу 2.200 лица се повредени. Земјотресот е во близина на оној од 2008 година, кога загинаа речиси 70.000 луѓе.

Епицентарот бил на 12 километри длабоко во земјата. Земјотресот бил почувствуван и од жителите во соседните провинции, како и во Ченгду, главниот град на провинцијата Сичуан, каде многу луѓе побегнале од зградите во кои живеат. Државната агенција Ксинхуа информира за потврда за загинување на 71 лице, како и за повредени над 2.200 лица, од кои 147 сериозно.

Erdebeben in China am 20. April 2013

Помош на повредените им се укажува под тенди пред болницата

Претседателот Си Џинпинг и премиерот Ли Кекианг изјавија дека ќе се направат сите напори за спасување на затрупаните лица за да не се дозволи бројката на загинати да расте.

„Во моментов најургентното прашање е да се искористат првите 24 часа од појавувањето на земјотресот, кои се златно време за спасување животи“, изјави кинескиот премиер, кој замина да го посети погоденото подрачје.

Erdebeben in China am 20. April 2013

Бројот на повредени е над 2.200

Агенцијата Ксинхуа информираше дека 6.000 членови на безбедносните сили се упатени кон погодената област за да помогнат во спасувањето на преживеаните. Кинеските медиуми покажуваат слики од раскрвавени луѓе кои добиваат помош во тенди пред болницата во Лушан, која во земјотресот била малку оштетена. Во ова место има најмногу загинати, а таму во прекин е дотокот на вода и струја. Во Лушан се извадени 32 преживеани лица од под урнатините.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле и‘ понуди на Кина германска помош и изрази сочувство за загинувањето на луѓето.

Помош во справувањето со последиците од земјотресот понуди и рускиот претседател Владимир Путин. Во телеграмата до неговиот кинески колега тој изразува жалење и нуди помош.