1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Разорен двоен напад во Ирак

Во два самоубиствени напади пред еден владин објект во ирачкиот град Таџи загинаа околу 30 лица, а голем број луѓе се повредени, соопшти ирачката полиција.

default

Заменикот ирачки министер за здравство Камис ал-Саад соопшти дека едниот од атентаторите активирал автомобил-бомба пред зградата, а потоа втор терорист се вмешал меѓу луѓето и полицајците кои притрчале на помош и го активирал својот експлозив.

Бомбашките напади во Таџи , кој се наоѓа 20 километри северно од Багдад уследија по низа напади на ирачките безбедносни сили во
последните два дена во кои се убиени најмалку десет полициски лица и
војници, а 22 се ранети.

Автор:ЕМФ/СН/дв

Редактор: Симе Недевски