1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Разорена инфаструктурата на Бејрут

Израелската армија жестоко го бомбардира главниот либански град Бејрут. Гранатирани се неколку важни мостови во градот. Расте бројот на жртвите.

Бомбите оставаат пустош

Бомбите оставаат пустош

Израелските воени авиони урнаа четири моста во градот Бејрут и дел од автопат кој води кон границата со Сирија. Тие се клучните места за нормално движење во градот. Во нападите е потврдено дека загинал еден либански војник, а повредени се најмалку десет лица. Очевидци оценуваат дека ова е најголемото разурнување на инфраструктурата на Либан од почетокот на борбените дејствија. За Израел тоа одговор на вчерашните закани на лидерот на Хезболах, Насрала кој најави дека ќе го гранатира Тел Авив.

Во меѓувреме министерот за одбрана на Израел и нареди на армијата да се подготви за можна копнена офанзива и на северот на Либан до реката Литани која е дваесет километри длабоко во територијата на таа земја. Политички извори во Тел Авив велат дека премиерот Олмерт засега се противи на таква акција. Израелската армија соопшти дека во досегашната акција веќе подготвила тампон безбедносна зона која е околу шест километри од границата и опфаќа дваесетина села. И Хезболах не мирува. Четворица Израелци загинаа од ракетите кои беа истрелани од Либан. Хезболах испука над 200 ракети при што беше причинета и голема материјална штета.