1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Разногласие во Скопје

Македонија го ужива статусот кандидат за членство во ЕУ. Позицијата и на германската канцеларка, Ангела Меркел останува непромента – рокот за влез во унијата зависи од исполнувањето на критериумите во самата Македонија. Оваа реакција на германската амбасада во Скопје, дојде откако вчера владата и претседателот на државата покажаа различен приод и оценки по изјавите од Берлин дека нема да има проширув

default

ање доколку до парламентарните избори 2009 година не биде донесен уставот на ЕУ.

За шефот на државата, Бранко Црвенковски, оваа изјава на канцеларката Меркел треба сериозно да се анализира: “Јас не би се согласил во целост со некои поедноставени коментари кои што имавме прилика да ги слушнеме вчера од типот дека “тие пораки се однесуваат на други, а не и на Македонија“ или дека “тоа се индивидуални ставови на одделни еврокомесари“. Она што ние како држава треба да го извлечеме како поука е дека веќе не треба да има импровизации, не треба да има влечкање на работите и не треба да има оставање на работите завршени до половина.“

Наспроти овие оценки на македонскиот претседател, шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски тврдеше дека нема место за паника. Не е прашање дали, туку кога ќе бидеме членка на унијата, рече тој: “Брзината на овој неповратен процес на евроинтегрирање зависи од нашите домашни реформи, секако зависи и од политичката волја во ЕУ, но мислам дека и ЕУ и владата во Република Македонија се подготвени да го дадат својот максимален придонес за процесот на евроинтегрирање да продолжи со една солидна брзина и Македонија што поскоро за почеток на преговори за членство. “

Професорот и екс-амбасадор, Димитар Мирчев, кој е претседател на Македонското европско движење, оценува: “Јас не гледам така драматично на изјавите на Оли Рен и на бугарската комесарка, па и на германската канцеларка, Ангела Меркел. Мислам дека тие бараат извесно време за да ги најдат решенијата за усвојување на уставниот договор. Со право, бидејќи без такви решенија тие немаат голем маневарски простор, зашто вистина е дека договорот од Ница донекаде ги ограничува. Но, сметам дека тоа не се однесува непосредно на Македонија. Ние имаме своја агенда со унијата која е договорена и која продолжува, под мониторинг сме и од нас се очекуваат реформи, така што нема никаква основа за сега да развиваме песимизам.“

Покрај веќе признатото уставно име, во еден документ на американскиот сенат за поддршка на Македонија пред пролетниот самит на НАТО, во заграда е напишано и ФИРОМ. “Не постои промена на политиката на САД кон Македонија во однос на уставото име“, реагира американската амбасадорка во Скопје, Џилијан Милованович, додавајќи: “Треба да бидете задоволни ако имате членови на конгресот и сенататот кои велат дека Македонија треба да се приклучи кон НАТО. Тоа е добро, бидејќи сенатот на крај ќе гласа во ваша полза.“

Милованович вели и дека прашањето на името е билатерално прашање, а не прашање за НАТО.