1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Размусен повторнто победник на изборите во Данска

*

Партиите на централно десничарската влада на Данска, трет пат по ред победија на парламентарните избори во земјата. Најсилна партија повторно е либералната партија на премиерот Андреас Фог Размусен со освоени 26,3 проценти од гласовите. Опозиционите социјалдемократи освоија 25,5 насто. Опозицијата вкупно освои 81 место во парламентот. Трите владеачки партии го изгубија нивното апсолутно мнозинство и заедно имаа 89 мандати во парламентот наместо досегашните 94. За да добие стабилно мнозинство, Размусен мора да придобие уште пет пратеника на Новата Алијанса, партија основана од Насер Кадаер, доселеник од Сирија во Данска.