1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Различно сваќање на дијалогот

Македонската власт и опозиција,без лидерите на двете најголеми партии на Албанците во земјата,Ахмети и Џафери,во Маврово разговараа за прашања важни за Македонија во процесот на интеграција во ЕУ и НАТО

default

Само културен обид за политички дијалог.Партиските лидери два дена во Маврово се обидуваа да ја поправат лошата европска оценка дека власта и опозицијата во Македонија немаат консензус за клучните реформи.Не е постигнат напредок во албанско албанскиот дијалог,а средбата на лидерот на ДУИ Али Ахмети со премиерот Никола Груевски не се реалзира,разочаран е евроамбасадорот во Скопје Ерван Фуере.И покрај овие збирни оценки,тој сепак гледа напредок:

„Важно е што сите партии го истакнаа значењето на дијалогот.Сега од нив зависи практично да го продолжат и да го применат“,рече Фуере.

Премиерот Груевски и понуди на опозициајта неделен работен појадок,за да се разговара за планираните реформи.Тој навести уставни реформи,паралелно и приватно основно образование,промена на деловникот според моделот на Бундестагот,право на глас за иселениците.

„Дискусијата на меѓународната заедница,веројатно тие ќе дадат свои изјави,повеќе беше во правец дека е нужен дијалог,потребно е почесто седнување и разговарање,јас ја поканив опозицијата доколку тоа го пруфати,еднаш или повеќе пати месечно да имаме работен појадок,исто така понудив заменик претседателот на владата Габриела Трајковска Коневска по потреба еднаш неделно или пчесто да оди во Парламентот и да им ги објаснува предлозите и нивната логика,особено за некои предлози кои ги имаме во врска со ЕУ.“

Груевски и претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска се согласија само околу добриот старт-власта и опозицијата разговараат:

„Власта,барем до овој момент,го сваќа дијалогот на следен начин:прифатете го тоа што ние го нудиме или прифатете го она што ние го нудиме.Тоа не е дијалог.Според нас,политичкиот дијалог мора да биде приоритет и на власта и на опозицијата“,изјави Шеќеринска.

И во Маврово опозиционата ДУИ одговара дали за нив Груевски е легитимен преговарач по изборите:

„Реално,тој е легална влада,но од политички аспект,неговиот легитимитет не е доволен заради гласовите или гласањето од петти јули,вели потпретседателот на ДУИ Муса Џафери.

Лидерските средби во Маврово традиционално ги организира швајцарската амбасада во Скопје,но во преден план секогаш се амбасадорите на САД и на ЕУ во Скопје.