1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Различни опции за лидерскиот дијалог

Од ДУИ најавуваатподготвеност за средба на нивниот лидер Ахмети со премиерот Груевски,но под нивни услови.СДСМ се заканува дека ќе го напушти Парламентот поради деловникот

default

По вчерашните остри и поразителни пораки од еврокомесарот за интеграции Оли Рен,македонската политичка сцена со различни реакции.Македонија по кандидатскиот статус ги забави реформите,има политилки тензии,изјави вчера во Скопје Оли Рен.Тоа ја оддалечува земјата од добивањето датум за прегвоори со ЕУ.Од опозицискиот табор денеска стигнуваат спротиставени изјави:ДУИ,која е надвор од Парламентот,нуди компромис:да за лидерска средба со власта со меѓународни посредници и утврдени заеднички приоритетио за законите и начинот на донесувањето.Ахмети е подготвен и на средба со премиерот Никола Груевски,но без камери.Оваа изјава на гласноговорникот на ДУИ,Ермира Мехмети,доаѓа по разговорите на нејзиниот лидер со еврокомесарот Оли Рен и американската амбасадорка Џилијен Милованович.Оваа потолерантна реакција од ДУИ за нова рунда лидерски дијалог е како услов за прекин на парламентарниот бојкот.Но сега и СДСМ најавува излегување од Собранието,ако продолжи дебатата за новиот деловник без претходен договор и консензус меѓу власта и опозицијата.Пратеникот Јани Макрадули,потпретседател на СДСМ,ги доведува во прашање билатералните разговори со ВМРО ДПМНЕ поради, како што вели,неискрената и лицемерна политика на владата да се води паралелна политика за гласање на деловникот а за него да се водат и индиректни разговори надвор од Парламентот во партиските групи.Покрај овие актуелни реакции околу деблокада или нова кочница за партискиот дијалог,партиските агенди се со различни приоритети.Владата нуди уставни измени за задолжително средно образование,нов собраниски деловник и со него официјализирано претседавање во Парламентот на албански јазик ,како и изборно гласање во дијаспората.СДСМ прифаќа дебата но со одложно стартување на некои од законите,како и неколку гарантирани места во Парламентот за иселениците.Што бараат ДУИ и Ахмети:консензус и список на закони кои ќе се гласаат според Бадентеровото двојно мнозинство,потоа уставнни измени со гарантирано право на победничакта партија кај албанскиот електорат да учествува обврзително во македонската Влада,како и закон за правата на борците од ОНА.Дипломатите од Скопје се обидуват да најдат заедничка агенда за потолерантна комуникација власт опозиција и конечно нов лидерски дијалог.