1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Разлики во пресрет на преговорите за името

Во Њујорк утре продолжуваат преговорите околу спорот со името меѓу Македонија и Грција со посредникот од ОН, Метју Нимиц. Кај македонското раководство меѓутоа постојат значајни разлики во ставовите околу спорот

default

Од средбата за името меѓу Нимиц, Црвенковски и Груевски во Скопје пред неколку месеци

Македонските весници пишуваат дека при последната средба на македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски во врска со платформата за спорот со името на површина излегле драматични разлики. Премиерот барал референду ако со компримисот се нуди промена на уставното име и за меѓународните организации, НАТО, ОН и ЕУ. Ако во Парламентот се формира мнозинство за прифаќање на таков компромис или таква формула за име како замена за членство во НАТО, и владеачката ВМРО ДПМНЕ биде надгласана, Груевски остро предупредил дека ќе организира и патриотски маршеви и протести против наметнатото име.