1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Разликите околу Косово остануваат, но заедничка цел е ЕУ

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, денеска престојува во еднодневна посета на Македонија. Тој е прв официјален претставник на Србија, во посета на Скопје, по признавањето на независноста на Косово.

default

Министрите Јеремиќ и Милошоски

Србија и Македонија немаат ист став околу независноста на Косово, ниту има приближување на ставовивте, изјавија по средбата во Скопје министрите за надворешни работи на двете земји, Вук Јеремиќ и Антонио Милошоски. Јеремиќ уште еднаш беше категоричен дека Србија ќе се бори со сите меѓународни средства да го одбрани принципиелниот став, оти Косово е составен дел на Србија. Но, гостинот од Белград истакна дека е потребно и Македонија и Србија да се концентрираат на заедничките интереси, а тоа во прв план е интеграција на

Gespräche zwischen Serbien und Mazedonien

регионот во ЕУ. Постои целосна согласност околу тоа како заеднички може да се чекори кон ЕУ, подвлече Јеремиќ. Со неговиот став се согласи и македонскиот министер Милошоски кој истакна дека не е тајна оти постојат одредени разлики во ставовите меѓу двете земји, но за нив може да се разговара.

Mинистерот Вук Јеремиќ се состанa со македонскиот претседател, Бранко Црвенковски и претседателот на Собранието Трајко Велјановски.

Односите меѓу Македонија и Србија беа заладени по одлуката на македонската влада да ја признае независноста на Косово, по што од Белград беше протеран македонскиот амбасадор. Откако се коригирани дипоматските релации, прифатен е новиот македонски амбасадор во Белград, поранешниот претседател на Собранието Љубиша Георгиевски. А по престојот на актуелиот претседател на македонското собрание Трајко Велјановски во Белград, српскиот министер за надворешни работи Јеремиќ сега допатува во Македонија. Наскоро, во посета на Македонија ќе дојде и претседателот на Србија, Борис Тадиќ, кој треба да присуствува на инаугурацијата на новиот македонски претседател Ѓорге Иванов.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска