1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Разликите во НАТО околу Либија остануваат

Борбената авијација на западната воена алијанса трета ноќ по ред изведе напади врз трупите на либискиот властродржец Гадафи. Цел била радарската противавионска одбрана, командни централи и две поморски воени бази.

default

Портпарол на владата во Триполи соопшти дека се извршени нови напади врз главнот град, врз Суара, Мисрата, како и врз упориштата на Гадафи, Сирте и Себа. Се јавува за борби од градот Адџабија, во источниот дел од државата, кој е под опсада од трупите на Гадафи. Во бунтовничкото упориште Бенгази пак, речиси веќе нема борби.

САД ќе го ограничат својот ангажман

Libyen Luftangriffe Tornado RAF Frankreich

Претседателот Барак Обама изјави дека САД ќе ја префрлат својата водечка улога во нападите во Либија кон друга држава, за да се осигура дека товарот на спроведување на резолуцијата на ОН против полковникот Моамер Гадафи е рамномерно распределен.

Тој истакна дека НАТО ќе ја преземе улогата на координатор, но разликите внатре во Алијансата околу ангажманот во Либија и натаму остануваат.

Поддршка за британското учество во операцијата

Британскиот парламент со огромно мнозинство ја поддржа одлуката на премиерот Дејвид Камерон британските сили да учествуваат во воената операција на западните сили во Либија.

За учество на оружените сили на Велика Британија во спроведување на резолуцијата на ОН за Либија гласаа 557 пратеници, додека 13 беа против.

Камерон и шефот на дипломатијата Вилијам Хејг тврдеа дека интервенцијата е во рамки на меѓународните закони и е во британски национален интерес.

Автор: СН/ЕМФ/ртр/дв/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска