1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Разделба од цигарите со помош на хипноза

Во одвикнувањето од пушење во Германија со успех се применува терапијата со хипноза. Нејзина цел е пушачите да ги ослободи од стравот дека не можат без цигари и да ги убеди дека може да им биде убаво и без нив.

default

Терапијата гарантира оставање на цигарите најдоцна за три месеци по сеансата

Јирген Зелцер е социјален педагог и клинички терапевт за болести на зависност. Во градот Визбаден има ординација во која им помага на луѓето да ги остават цигарите. Станува збор за когнитивна терапија, низ која се коригираат претставите и чувствата кои пушачите ги имаат, и тоа по пат на хипноза.

Сеансата се одржува во текот на еден ден, трае 7 часови и се завршува така што пациентот ја запалува својата последна цигара. Потоа добива упатства за наредните денови и има можност уште два пати да ја повтори истата сеанса по истата цена.

Терапијата чини 270 евра, а 50 насто од трошоците ги покрива здравственото осигурување. Ако и по три месеци пациентот не ги остави цигарите, парите му се враќаат. Терапевтот Зелцер месечно работи со околу 60 пациенти, главно на возраст меѓу 30 и 50 години. Но, му доаѓаат и тинејџери кои родителите ги праќаат на одвикнување од пушење.

Животот без цигари е поубав

12.9. poldi rauchen 1

Возрасните пушачи им даваат лош пример на децата

Основните причини зошто луѓето ги оставаат цигарите во Германија се најпрвин здравјето, потоа парите, па и срамот. Родителите ги оставаат цигарите. бидејќи ако пушат, не се добар пример за своите деца, тврди Зелцер. Целта на терапијата е да го исправи погрешното убедување на пушачите дека не можат да живеат без цигари.

„Пушењето е зависност, а зависноста живее од стравот - стравот од престанување. Луѓето се плашат дека животот нема да им биде повторно убав ако ги остават цигарите. Првиот чекор е доаѓањето на терапија, а вториот чекор е да се поминат првите три дена без тутун. Пациентите главно велат дека не им паднало толку тешко колку што самите замислувале."

Истражувањата покажуваат дека оние кои ќе подлегнат на одвикнувањето од пушење преку хипноза, успешно ги оставаат цигарите во 83 насто од случаите. Моментно 30 насто од Германците се зависни од никотинот, но тој број е се´ помал.

Автор: Тијана Милуновиќ / Светлана Брик

Редактор: Трајче Тосев

Поврзана содржина