1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Разграбувањето на земјиште- модерен феномен

Милиони хектари земја во Африка, Азија и во Латинска Америка секоја година преминуваат во рацете на големите инвеститори од странство. „Разграбувањето на земјиште“ најмногу ги погодува локалните земјоделци и селани.

Во изминатите години 32,9 милиони хектари земја во државите во развој и во државите со забрзан развој се дадени под закуп на странски инвеститори или се продадени- станува збор за површина со големина колку Германија. За дополнителните 54 милиони хектари моментално се преговара. Тоа се проценките на многубројните меѓународни невладини организации.

Дури од пред неколку години феноменот познат како „разграбување на земјиште“ ги достигна овие димензии. Кога во 2008. година цените на прехранбените производи на светскиот пазар тројно се зголемија, се зголеми и интересот за евтина земјоделска земја. Меѓу заинтересираните држави се и оние со недоволно сопствени производи, како што се Саудиска Арабија или Индија, и кои на аграрните површини во странство сакаат да одгледуваат земјоделски производи за сопственото население.

Brot für die Welt: Äthiopien 3

И големите концерни на прехранбени производи закупуваат или купуваат илјадници хектари големи површини и произведуваат во индустриски стил- на пример ориз, соја или растенија за гориво. Тука се и финансиските инвеститори кои евтиното земјиште го гледаат како можност за добивки по пат на шпекулации со растечки цени.

Голема распродажба на земјиште

Разграбување на земјиште е присутно речиси во сите делови на светот, но пред сѐ во Латинска Америка, Азија и субсахарска Африка. Според извештаите на повеќе невладини организации етиопската влада издвојува 4 милиони хектари за закуп. Времетраењето на договорите е и до 99 години, како и повеќе од ниски камати за закуп, во дел пониски од евро по хектар и година, привлекуваат инвеститори од странство.

Разграбувањето на земјиште често се одвива на граница со нелегалното. Во многу африкански држави, целото земјиште е во државна сопственост. Владата во закупот и продажбата на аграрните површини гледа можност за полнење на државната каса. Отуѓените земји се наоѓаат најчесто во многу плодни области, со добар пристап до извори на вода. Одделни влади зборуваат за „земјиште која не се употребува“, иако многу мали земјоделци веќе стотици години ја користат за земјоделство и одледување добиток. Последиците за населението најчесто се длабоки. Тие мораат да се одделат од земјата на која се изградени нивните села. Стотици илјади мали земјоделци така веќе ја изгубија својата егзистенцијална основа.

Flash-Galerie Äthiopien Land Grab



Разграбувањето на земјиште како шанса?

Сепак, Светската банка и Организацијата ОН за храна и земјоделство (ФАО) ги истакнуваат шансите кои се отвораат врз основа на инвестирањето во земјиштето. Бидејќи, инвеститорите носат технологија и стручно знаење во целните држави. Така малите земјоделци би можеле да научат за методите на големите аграрни компании. И локалната инфраструктура би била подобрена. Но многу држави пред сѐ се заинтересирани за полнење на државните благајни, а многу помалку за прогрес.

Упатствата на ОН, усвоени во мај 2012. година со тоа обезбедуваат подобрување на позицијата на малите земјоделци и на локалното население. За време на договарањето на работите, во иднина би требало повеќе да се земат предвид и нивните интереси. Досега упатствата важеа само на хартија, бидејќи владите сами одлучуваа дали сакаат да ги применат или не.