1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Разговори НАТО – Русија за Косово и антиракетниот штит

*

Разијдувањата околу Косово и американските планови за стационирање делови од планираниот антиракетен штит и во Централна Европа се главни теми на денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите на НАТО со нивниот руски колега Анатолиј Сердјуков.

Министрите од НАТО вчера се согласија на Косово да задржат 16 илјади војници и истакнаа дека тие се подготвени и за случај да избијат насилства.

Минатата година востановените трупи на НАТО за брза интервенција, ќе бидат намалени по обем, решија министрите од земјите на Алијансата.